Хејли: САД нема да ги омекнат санкциите и ќе продолжат со критика на Кремљ

САД имаат намера да ги задржат санкциите против Русија – и покрај гласовите за нивно омекнување, изјави постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли. Вашингтон ќе се стреми да соработува со Русија кога тоа е можно, меѓутоа ќе продолжи да го критикува Кремљ за неговите „неправилни постапки“, додаде политичарката.

Без оглед на гласовите дека Белата куќа ја разгледува можноста за омекнување на санкциите, САД планираат „жестоко“ да ги задржат санкциите против Русија како одговор на дејствијата на Кремљ во Украина, изјави постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли во интервју за американска телевизија, пишува „Политико“.

„Имаме намера жестоко да ги задржиме санкциите кога се работи за Украина. Јас изјавував јавно за тоа, и ќе продолжиме да го зборуваме тоа“, истакна Хејли. Политичарката исто така изјави дека таа „не може да потврди дека советникот на Трамп Џаред Кушнер се обидувал да ја искористи амбасадата на Русија за тајни преговори со Кремљ“.

Во друго интервју, Хејли изјави дек САД „ќе продолжат да ја критикуваат Русија, ако е потребно“. „Истовремено се обидуваме да водиме преговори како подобро да соработуваме во сирискиот конфликт. Соработуваме со нив во антитерористиките активности. Но, ако видиме дека Русија дејствува неправилно, тогаш ќе соопштиме за тоа“, потенцираше Хејли.

„Меѓународната заедница е загрижена поради тоа што Русија се меша во сите нивни избори. Тие се загрижени поради многу причини. Затоа продолжуваме да ги набљудуваме. Кога можеме со нив да соработуваме, ќе се обидуваме да го направиме тоа, но кога не можеме, тогаш ќе ја држиме ситуацијата под контрола“, резимира Хејли, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња