Експерт: Зошто САД креираат негативна слика за Русија на Балканот

ЕУ и САД се обидуваат да создадат негативна слика на Русија на Балканот со цел да ги зајакнат своите позиции во регионот смет вишиот научен соработник на Институтот за славистика на Руската академија на науки Петар Искендеров.

„Корените на скандалот не се во Македонија. Владејачката сила, коалицијата и претседателот на Македонија, како и македонската опозиција, се зафатени пред сѐ со нивните внатрешни проблеми“, изјави Искендеров за РИА „Новости“.

Според него, „несомнено, никој во самата Македонија сериозно не верува дека Русија може да се меша во внатрешнополитичките работи, особено затоа што последниве години односите меѓу Русија и Македонија се развиваа не многу активно поради политичката нестабилност во таа земја“. Тој истакна дека Русија никогаш немала посебна потребна да се надева на една или друга политичка сила, бидејќи во однос на прашањата на надворешната политика и владејачката коалиција, и опозицијата во принцип заземаат мошне слични позиции.

„Проблемот е во тоа што сега идејата за мешањето на Русија во изборите и во внатрешнополитичките работи многу добро се вклопува во општиот западен тренд. На Европската Унија, пред сѐ, и на одреден дел од американскиот естаблишмент им е неопходно да создадат негативна слика за Русија за да ги зајакнат сопствените позиции на Балканот“, смета Искендеров.

Тој истакна дека во „последниве месеци во западните медиуми, вклучувајќи ги и респектабилните, се појавуваат аналитички статии во кои се укажува на тоа дека интересот на Европската Унија за Балканот опаднал, фактички на балканските земји им е одбиено во перспектива влегувањето во состав на ЕУ, и со самото тоа Балканот како да преминува во сферата на влијание на Русија“.

„Во овој контекст истражувањата и сличните публикации се наменети да ја сменат наведената ситуација, да го привлечат вниманието на западната јавност за овој проблем, всушност, за проблемот кој е доволно намерно смислен со цел да се потрудат да изнудат од соодветните политички и финансиски структури на ЕУ пари за вакви или онакви проекти кои се однесуваат на Балканот“, изјави експертот.

Тој посочи дека „Русија се презентира како непријател на балканските народи“. „Ова важи не само за Македонија. Слични обвинувања се слушаат и во однос на Црна Гора, па дури и на Србија. Потоа, врз основа на ова, ЕУ спроведува одредени договори со балканските земји за сопствен интерес, а САД, од своја страна, ги зајакнуваат сопствените воено-политички позиции, како што се случува сега во Црна Гора“, заклучува Искендеров.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња