Би-Би-Си: Кремљ ја смета Британија за неважна

Претстојните избори во Велика Британија не предизвикуваат посебен интерес во Русија, вели дописникот на Би-Би-Би Стив Розенберг. На обичните Руси дури им е и тешко да кажат кој е сегашен премиер на Велика Британија. А во Кремљ сметаат дека името на идниот лидер на земјата не е многу важно, затоа што Велика Британија е само помалиот партнер на САД, истакнува новинарот.

Дописникот на Би-Би-Си се прашува зошто руските медиуми не изразуваат никаква поддршка на ниту една од страните вклучени во претстојните британски избори. Згора на тоа, медиумите во Русија не ја ни покриваат британската предизборна кампања и тоа предизвикува многу прашања.

„Ние во Русија не ја сметаме Велика Британија за целосно независна држава“, изјави во интервју за Би-Би-Си политологот Сергеј Марков. „Ние ја сметаме за дел од Америка; за многу помалиот партнер на Вашингтон“.

„Со други зборови, во очите на Кремљ Британија е неважна“, заклучува Розенберг. „Уф, тоа боли“.

Но, тоа е само дел од приказната. Најважно е што минатата година британските избори веќе ѝ го донесоа на Русија „посакуваниот резултат“, кога земјата гласаше за излегување од ЕУ. Пред референдумот Кремљ официјално беше неутрален, но државните медиуми јасно го поддржуваа Брегзит.

„На излегувањето на Британија се гледаше како на тежок удар врз ЕУ. А тоа, од своја страна, се презентираше како добра работа за Русија, која се наоѓа под европски санкции“, објаснува новинарот.

Розенберг ги прашува обичните граѓани на Русија дали ги интересираат изборите во Велија Британија. Сите, со кои разговараше новинарот, знаеја многу за традициите и симболите на Британија. Но, никој не се сомневаше дека во земјата наскоро ќе се одржат избори. Згора на тоа, ниту еден од соговорниците на Розенберг не можеше да го каже името на сегашниот премиер на Обединетото Кралство.

„Веројатно, нема ништо чудно во тоа, имајќи предвид дека од почетокот на новиот милениум во Велика Британија се сменија четири премиери. Во Русија е многу поедноставно да се запомни кој управува со земјата. Зашто како претседател и премиер Владимир Путин се наоѓа на власт повеќе од 17 години“, заклучува Стив Розенберг, пренесува RT

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња