„Путин нема да помине”:Меј презеде мерки за заштита на „слободата на избор“

Велика Британија веќе презеде решителни мерки на претпазливост за да го гарантира слободниот избор на Британците, соопштува „Дејли Меил“.

Британската влада ги презема сите неопходни чекори за сигурно да ги заштити претстојните избори од мешањето на „Путин и други надворешни сили“, изјави премиерот Тереза Меј. Како што пишува „Дејли Меил“, новиот центар за саjбер-безбедност се консултирал со политичките партии за тоа како да се заштити од хакерите.

Во текот на средбата со избирачите во Бристол Тереза Меј беше прашана дали се плаши дека претседателот Путин би можел да се обиде да „влијае“ на резултатите од парламентарните избори кои ќе се одржат на 8 јуни. Премиерот одговори дека Велика Британија веќе презела решителни мерки за да гарантира дека ништо слично нема да се случи, пренесува RT.

Меј потсети дека „слободните и чесни избори“ се многу важен елемент на британската демократија и дека е неопходно тоа да се гарантира и во иднина. Неопходно е да се заштити слободата на избор на Британците и однапред да се погрижиме дека никој не може да се меша во избирачкиот процес. Со таа цел британската влада неодамна го отвори новиот центар за сајбер-безбедност, што е „врло важен чекор напред” во таа сфера, истакна премиерот на Велика Британија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња