Медиум: Рускиот бизнис не го губи оптимизмот и покрај гневот на Западот

Гневот на САД не успеа да го поколеба „борбениот дух” на водечките руски претприемачи кои тврдат дека санкциите само го зајакнаа домашното производство пишува „Вашингтон Пост“.

Прашањето за „мешањето“ на Москва во американските избори во значителна мера ги фрли во сенка останатите теми на Петербуршкиот меѓународен економски форум, пишува „Вашингтон Пост“. Па сепак, смета весникот, „гневот” на САД и нивните сојузници не успеа да го поколеба „борбениот дух“ на водечките руски претприемачи. Како и Владимир Путин, тие велат дека западните санкции само го зајакнаа домашното производство.

На форумот во Петербург руските претприемачи се обидоа да го свртат вниманието на тоа дека Русија научи да ги користи дигиталните технологии и дека почна да ги приспособува на цивилното општество. Тие изразија надеж дека токму високите технологии, а не само нафтата и гасот, ќе придонесат за економски раст на Русија, пишува весникот, информирајќи за бизнис-форумот во Санкт Петербург.

„Чудно е што нѐ мразат“, признава Василиј Бровко, директор за посебни задачи н корпорацијата „Ростех” во разговор со новинарот. „Ростех“ е една од компаниите за која исто така важат санкциите, пишува весникот. „Студената војна остана зад нас, но изгледа дека во Америка сѐ уште трае“, вели 30-годишниот Бровко. Тој смета дек Русија научила да се снаоѓа и ситуацијата со санкциите успеала да ја сврти во своја полза, пренесува RT.  

„Русија е земја која има природна, можеби генетска реакција на секаков притисок“, смета Алексеј Репик, копретседател на унијата на претприемачи „Деловна Русија“. „За да стане Русија прва економија на светот, потребна е само некаква глобална катастрофа, тогаш нашата земја ќе биде онаа која ќе го спаси светот“, ја цитира изјавата на Репиков американскиот весник.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња