Советник на рускиот претседател: Децата во Америка си играат Путин

Во тренд е и англискиот со руски акцент, раскажаа американските претприемачи кои учествуваат во работата на Петербуршкиот меѓународен економски форум.

Американските бизнисмени присутни на Петербуршкиот меѓународен економски форум раскажаа како во САД сега е во тренд да се зборува англиски со руски акцент и дека децата во двор си „играат Путин“, изјави советникот на претседателот на Русија и извршен секретар на Организациониот комитет на Форумот Антон Кобјаков, пренесуваат руските медиуми.

„Тие (бизнисмените) само за тоа зборуваа. Зборуваа како кај нив децата во двор си играат Путин“, изјави Кобјаков.

На Форумот имаше најмногу претставници на американскиот бизнис, вкупно 560 од 140 компании.

„Се надевам дека тие 600 луѓе, нашите американски партнери, нема да бидат ставени под санкции“, се пошегува Кобјаков.

Во работата учествуваа повеќе од 14 илјади луѓе од 143 земји. За 21 година од постоењето на манифестацијата никогаш немало толкав број на учесници од географски толку широко подрачје, нагласи на завршната конференција за новинарите Антон Кобјаков.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња