Путин предупреди за опасноста од протекционизам во светската економија

На отворањето на меѓународниот форум „Еден појас - еден пат“ во Пекинг на 14 мај рускиот претседател Владимир Путин повика на прекин на протекционизмот, за кој вели дека претставува закана за светската економија.

Од своја страна кинескиот лидер Си Ѓинпин повика на изградба на отворена систем за меѓународна економија, соопшти Телевизискиот канал Press TV, а пренесува Ино.TV.

Кинескиот претседател Си Ѓинпин повика на изградба на слободна трговија и отворен систем за меѓународна економија на главниот економски настан во Пекинг. Тој додаде дека Кина е подготвена да издвои 124 милијарди американски долари за таа цел, велејќи дека секој што сака може да го преземе „патот кон идниот мир и развој на планетата“.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин повика на крај на протекционизмот, опишувајќи го како закана за светската економија. „Сè повеќе очигледни се ризиците од фрагментација на глобалниот економски и технолошки простор. Протекционизмот станува норма, а негова скриена форма се едностраните незаконски ограничувања, вклучувајќи го и снабдувањето и дистрибуцијата на технологијата“, рече претседателот.

„Неопходно е да се создаде модерен систем на транспортни коридори. Русија со својата уникатна географска положба е подготвена и за таква соработка“, предложи шефот на државата, цитира ТВ „Звезда“. Тој ја истакна потребата од доследно отстранување на инфраструктурните ограничувања за интеграција, потсетувајќи дека Руската Федерација постојано ја модернизира морската, железничката и автомобилската инфраструктура, го проширува капацитетот на Бајкалско-Амурскиот автопат и на Транссибирската железница, вложува многу средства за развојот на Северноморскиот пат за да го претвори во конкурентен транспортен правец.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња