Путин му предложил на Бил Клинтон да размисли за Русија како членка на НАТО

Рускиот лидер во интервјуто за режисерот Оливер Стоун го нарече НАТО надворешнополитички инструмент на САД, во кој нема сојузници, а има само вазали.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека му предлагал на поранешниот американски лидер Бил Клинтон да ја разгледа можноста за зачленување на Русија во НАТО.

„Се сеќавам на една од нашите последни средби со претседателот Клинтон, кога Клинтон сѐ уште беше претседател. Тој пристигна во Москва и јас во текот на дискусијата му реков: „А може да разгледате таква варијанта, дека Русија може да стапи во НАТО“. Клинтон одговори: „Зошто да не, јас не сум против“, раскажа Пуин во интервјуто за американскиот режисер Оливер Стоун за неговиот нов проект – серијата беседи со рускиот лидер.

Притоа рускиот претседател потенцира дека во тој момент „целата американска делегација стана многу нервозна“. На предлогот на Стоун за поднесување апликација Путин се засмеа.

Шефот на руската држава исто така го нарече НАТО надворешнополитички инструмент на САД, во кој нема сојузници, туку има само нивни вазали.

„Денеска тоа е надворешнополитички инструмент на САД, таму нема сојузници, таму има само вазали. Кога една земја станува членка на НАТО, нејзе веќе ѝ е многу тешко да се спротивставува на притисокот од страна на една толку голема земја, лидер на НАТО, како што е САД. И таму лесно може да се појави сѐ што сакате – и систем за противракетна одбрана, и нови бази, и ако притреба, и нови ударни системи“, истакна Путин.

Рускиот лидер постави прашање во врска со тоа: „А што да правиме ние? „Ние треба во врска со тоа да преземаме контрамерки. Односно, да ги ставиме под удар на нашите ракетни системи оние објекти кои, според нашето мислење, почнуваат да ни се закануваат“, објасни тој.

„Зошто толку остро реагираме на проширувањето на НАТО? Во принцип, ние ја разбираме вредноста, или отсуството на вредности на НАТО и опасноста за нас од самата организација. Но, што нѐ загрижува? Нѐ загрижува праксата од донесување одлуки (во Алијансата)“, рече рускиот претседател. „Јас знам како се донесуваат“, заклучи тој.

Фрагмент од филмот „Интервју со Путин“ (The Putin Interviews) беше објавен на 3 јуни од страна на американскиот весник „Политико“.

Документарниот филм во целост ќе биде прикажан од 12 од 15 јуни на кабловската телевизија Showtime (дел од компанијата Си-Би-Ес), пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња