„Сноуден не е предавник. Тој не ги предаде интересите на својата земја и не ѝ предаде на некоја друга земја некаква информација која би ѝ нанела штета на нејзиниот народ“, наведува извадок од интервјуто „Холивуд Рипортер“.
Сепак, според мислењето на рускиот лидер, Сноуден требал едноставно да ги напушти специјалните служби ако таму нешто не му се допаѓало.
„Ако нему нешто не му се допаѓа на работата на која го повикале, требало едноставно да си даде отказ и толку. Но, тој отиде подалеку и тоа е негово право. Но, ако ме прашате дали тој постапи правилно или не, моето мислење е не, неправилно“, изјави Путин, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче