Претседателот на Русија Владимир Путин е свесен за важноста на високите технологии и дигиталната економија и е многу заинтересиран за оваа сфера, изјави првиот потпретседател на руската влада Игор Шувалов.
„Можам да ви кажам дека нашиот претседател задржа мала група членови на владата и соработници на администрацијата до следното утро: дискутиравме исклучително за новите технологии и дигиталната економија“, изјави Шувалов, пренесува „Взгљад”.
Според него, „претседателот целосно се зарази“ со оваа тема и е свесен дека значително темпо на економски раст може да се постигне со дигитална економија и технолошко лидерство.
Шувалов изјави дека руската економија е во моментов во фаза на бавен раст и дека во неа нема никакви финансиски меури.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче