Кустурица не го откажува големиот концерт во Москва на 4 јуни

Српскиот режисер, актер и музичар Емир Кустурица, кој доживеа сообраќајна незгода, не планира да го откаже концертот во Москва закажан за 4 јуни.

„За среќа, сѐ помина добро, Емир не настрада. Таму имаше кривина, тоа се случи во текот на ноќта, настрада малку возачот“, раскажа за НСН продуцентот на режисерот Мирко Раденовиќ. Тој додаде дека настанот нема да се одрази на закажаните гостувања и на 4 јуни Кустурица и „Но смокинг оркестра“ ќе настапат на стадионот „Локомотив“ во Москва.

Претходно беше соопштено дека 62-годишниот Кустурица, познат по филмовите „Црна мачка, бел мачор“, „Животот е чудо“, „Татко на службен пат“ и „Подземје“, доживеал сообраќајна несреќа на патот меѓу Чачак и Белград. „Мерцедесот“, во кој режисерот патувал, излетал од патот.

На почетокот на 2016 година Кустурица соопшти дека сака да сними руски филм на руски јазик и вети дека ќе го стори тоа до крајот на својата кариера.

Во октомври претседателот на Русија Владимир Путин го награди режисерот со „Орден на пријателството“, пренесува „Свободнаја Преса“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња