ВКС на Русија ликвидираа 80 милитанти од ИД

Руската авијација ликвидираше повеќе од 80 терористи од групата „Исламска држава“ кои се обидувале да ја напуштат Рака ноќта на 29 мај, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Под закрила на темнината три конвои ја напуштиле Рака, движејќи се кон југ по неколку маршрути, меѓутоа биле нападнати од руската авијација.

Терористите претрпеле големи загуби: повеќе од 80 лица се убиени, 36 автомобили, осум цистерни со гориво и 17 пикапи со минофрлачи и огнено оружје со голем калибар се уништени.

Се истакнува дека милитантите бегаат од Рака преку реката Еуфрат, иако се опколени од „Сириските демократски сили“ и единици на САД, Велика Британија и Франција.

Ова е веќе втор обид на милитантите да се пробијат од градот кон Палмира. Првиот конвој со терористи беше уништен од руските ВКС на 25 мај. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека продолжува да ги презема сите мерки за да не дозволи пробив на групи од ИД во провинциите Хомс и Хама, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња