Хилари Клинтон: Путин сака „да ги уништи САД“

Поранешниот државен секретар на САД и поранешен кандидат од редовите на Демократската партија на претседателските избори во 2016 година Хилари Клинтон во интервју за магазинот „Вараети“ изјави дека претседателот на Русија Владимир Путин има намера „да ги уништи САД“.

Според Клинтон, „технолошките сили кои се договорија да ја саботираат нејзината претседателска кандидатура во 2016 година“, продолжуваат да имаат влијание врз американската политика.

„Мислам дека е важно да се научат важните лекции од последната кампања. (Технолошките) сили се заинтересирани не само за влијание врз изборите и политиката. Тие имаат намера исто така да влијаат на економијата и нашето единство како нација“, изјави Клинтон.

Таа изјави дека кампањата за дезинформирање, која наводно ја водела Русија, ги намалила нејзините шанси за победа на изборите. Тоа било постигнато со помош на социјалните мрежи, кои не биле подготвени да се борат со „лажните вести“.

Клинтон наведе дека првпат во историјата „техничката револуција беше искористена како политичко оружје“.

„Важно е Американците, луѓето во технологиите и бизнисот да сфатат дека Путин сака да нѐ уништи. Тој е стар агент на КГБ“, изјави Клинтон, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња