Ова претседателот на Русија го изјави во текот на средбата со раководителите на руските и странските информативни агенции на маргините на Петербуршкиот меѓународен економски форум.
„Еве ги базите на НАТО се приближуваат до нашите западни граници, инфраструктурата се приближува, инцидентите се зголемуваат. И што треба да правиме ние – да гледаме на тоа безволно? Не, така нема да биде. Ние ќе реагираме на соодветен начин“, истакна Путин.
Според него, истото се случува и на Исток. Тој потенцираше дека таквите дејствија ја „поттурнуваат“ трката во вооружување.
„Вие сите молчите за тоа. Светот молчи, небаре ништо не се случува“, им се обрати рускиот претседател на присутните.
На 1 јуни стартуваше првиот ден од официјалната програма на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ) во Санкт Петербург, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.