МО на РФ ја соопшти причината за падот на Ту-154

Причина за уривањето на Ту-154 во Црното море е погрешното управување со авионот, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Со истрагата на трагедијата се занимаваше комисија составена од претставници на МАК, „Туполев“ и министерствата за одбрана, за транспорт и за трговија. Беа истражени околностите кои претходеа на несреќата и техничките податоци од летот. Истрагата е завршена, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува „Взгљад“.

„Според резултатите од истрагата е утврдено дека причина за настанот е нарушување на просторната ориентација (свесност за ситуацијата) на командирот на воздухопловот кои го довеле до погрешни дејствија со органите за управување со воздухопловот“, се вели во соопштението.

Притоа не се утврдени нарушувања при полнењето со гориво на авионот и не е откриено влијание од надворешни фактори. Покрај тоа, нема наводи дека авионот паднал поради нарушувања поврзани со товарот или сместувањето на патниците.

Првичните верзии за уривањето на авионот вклучуваа паѓање на туѓи предмети во моторот, неквалитетно гориво, грешка на пилотот и техничка неисправност.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња