Хилари Клинтон е уверена дека ќе станеше претседател на САД доколку немало мешање на надворешни сили: директорот на ФБИ Џејмс Коми, „рускиот“ ВикиЛикс и Влдимир Путин. Според мислењето н поранешниот државен секретар на САД, токму нивното дејствување довело до тоа Доналд Трмап да биде избран за претседател.
„Бев на пат да победам сѐ додека писмото на Џејмс Коми од 28 октомври 2016 и рускиот „ВикиЛикс“ не предизвикаа сомнеж кај луѓето кои имаа намера да гласаат за мене“, изјави Клинтон за Си-Ен-Ен, пренесува RT.
Освен тоа, Клинтон рече дека во случајот се вмешала „странска држава, чиј лидер не е нејзин обожавател“, недвосмислено алудирајќи на Русија и на Владимир Путин. Според неа, шефот на руската држава на тој начин ѝ се осветил поради нејзиното наводно предизвикување на протестите против него по последните избори во Русија.
Поранешниот државен секретар на САД истакна дека ја смета Русија за голема земја, а Русите за „неверојатно талентирани“. Но дека имаат „лоша власт“ која ги спречува да се приклучат на „современиот свет“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче