„Вован и Лексус или нивните инспиратори, веројатни, не би се сетиле на Црна Гора да не беше таа на прагот на НАТО и неопходно е, бидејќи е невозможно да се запре, на кој било начин таа да се дискредитира. Затоа тие и ги измислија телефонските повици во улога на украинскиот претседател и премиер“, се вели во изјавата на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора.
Посебно се потенцира тоа што со нивната шега, пранкерите ѝ направиле на Црна Гора одлична реклама.
Како одговор на тоа Алексеј Стољаров (Лексус) објави на својот „Фејбук“ изјава на српски јазик.
„За оваа снимка нѐ инспирираше народот на Црна Гора, кој излегуваше на протести против зачленувањето на земјата во НАТО. Ние веќе сфативме од разговорите со раководството на земјата дека ним им е гајле за нивното мислење, но ние би сакале да слушнеме од Ѓукановиќ негова радосна согласност да води „црн“ бизнис со претседателот на Украина Порошенко и да ги избрише податоците за фирмата на „другарот“ Гројсман од централниот регистар. Дали е тоа законско дејство? Тоа прес-службата на Ѓукановиќ поради нешто го премолчува“.
Покрај тоа, како што изјави Лексус за „URA.RU“, црногорската опозиција исто така подготвува изјава по повод објавените снимки од телефонските разговори со Марковиќ и Ѓукановиќ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче