Медиум: Русија стави на црна листа 70 црногорски политичари

На црниот список, според информациите на црногорскиот весник „Побједа“, се наоѓаат премиерот, поранешниот премиер, спикерот на парламентот и уште 46 пратеници од Црна Гора кои гласаа за зачленувањето на земјата во НАТО.

Сегашниот премиер на Црна Гора Душко Марковиќ, поранешниот премиер и лидер на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, спикерот на црногорскиот парламент Иван Брајовиќ, како и низа црногорски политичари се наоѓаат на списокот со санкции на Русија, воведени како одговор на едностраното присоединување на Црна Гора кон антируските санкции. Ова го соопштува онлајн-верзијата на црногорскиот весникПобједа“ повикувајќи се на извори во Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

Изворот на изданието тврди дека на црниот список фигурираат сегашниот премиер на Црна Гора Душко Марковиќ, поранешниот премиер и лидер на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, спикерот на црногорскиот парламент Иван Брајовиќ, 46 пратеници во црногорскиот парламент кои гласаа за зачленувањето во НАТО.

„Списокот содржи минимум 70 лица“, тврди изворот на изданието.  

На списокот се наоѓаат и бизнисмени, блиски до власта и раководители на големите црногорски компании, пишува весникот.

Официјална потврда за оваа информација засега нема.

Русија, за разлика од ЕУ и САД, не ги објавува своите црни листи со странци на кои им е забранет влез на нејзина територија. Москва го објаснува ова со заштита на личните податоци, пишува ТАСС.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња