Пентагон формира нова служба за техничка поддршка на разузнавачките активности на силите на САД на Балканот и во Источна Европа. Единицата ќе функционира на територијата на Германија, Италија и Косово. Стручњаците ќе се занимаваат со разузнавачки и контраразузнавачки операции во Полска, Романија, Бугарија, балтичките земји и на Косово, пишува RT.
Новата разузнавачка група ќе се наоѓа, меѓу другото, и во базата Бондстил на Косово. Таму се наоѓа Мултинационалната оперативна група „Исток” под команда на САД, дело од меѓународните сили на НАТО.
„Компанија-изведувач на работите ќе дава услуги за техничка поддршка на разузнавачката работа, реализирајќи задачи за разузнавачката управа на Копнените сили на САД во Европа на територијата на Германија и на Косово“, се вели во договорот објавен на сајтот за државни набавки на САД.
Разузнавачката група се формира со цел „проширување на операциите и поддршка на групата за заштита на силите во Германија и Италија и за вршење вонредни операции на Балканот“. Според американското законодавство, вонредни операции иницира министерот за одбрана на САД Џејмс Метис во случај да е потребен воен одговор на потезите на непријателот.
„Наведената активност ќе биде реализирана во низа земји, вклучувајќи ги и постојаните локации во Централна Европа (Германија и Италија), потенцијалните места за постојано распоредување во Источна Европа (Бугарија, Романија и Полска), како и места за спроведување вонредни операции, вклучувајќи го балканскиот регион и други подрачја“, се вели во документот.
Единицата ќе ја сочинуваат стручњаци во сферата на разузнавачката работа, експерти за сајбер-безбедност, стручњаци за полиграф, аналитичари и инженери.
Според документот, групата за техничка поддршка на разузнавачката работа ќе буде префрлена во Европа во јуни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче