Путин до Европа:Не измислувајте закани, соработувајте со нас во безбедноста

Претседателот на Русија Владимир Путин ја повика Европа да не измислува митски руски закани и хибридни војни, туку да соработува за безбедносните прашања.

„Мислам дека сите сакаме безбедност, спокој, просперитет и соработка. Значи, не треба ништо да ескалираме, не треба да измислуваме митски руски закани, некакви хибридни војни и така натаму. Самите измисливте, а потоа самите себеси се плашите и на таа основа уште и ги формулирате перспективите на политиката“, изјави рускиот лидер во интервју за францускиот весник „Фигаро“ по својата посета на Париз.

Според Путин, таквата политика нема перспективи.

„Има перспективи единствено во едно – во соработката во сите насоки, вклучително и за безбедносните прашања. Најважниот проблем во сферата на безбедноста денес е кој? Тероризмот (...) А ние сите расправаме какви закани создава Русија“, истакна рускиот претседател, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња