Лавров: ИД не се предава, ама ние сигурно ќе ги скршиме

Flickr / МНР на Русија
Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров соопшти дека територијата под контрола на ИД е намалена благодарение на Русија, Иран и Турција.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека терористичката организација „Исламска држава“ ќе биде победена.

„За жал, ИД се одомаќини на Блискиот Исток и на северот на Африка и засега не сака да се предаде, ама ние сигурно ќе ги скршиме“, изјави Лавров, пренесува RT.

Според него, ИД почнала да дејствува и во Авганистан, особено во северните реони на земјата кои се поврзани со соседите и сојузниците на Русија.

Лавров потсети дека пред година и пол претседателот на Русија Владимир Путин на заседанието на Генералното собрание на ООН во Њујорк им предложи на западните партнери да основаат обединет фронт за борба против тероризмот. „Иако коалицијата не е формирана потполно, предлогот на рускиот лидер останува на сила“, изјави рускиот министер.

Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров соопшти дека територијата под контрола на ИД е намалена благодарение на Русија, Иран и Турција.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња