Порошенко изјави дека на Украина ѝ е блиско „присоединувањето“ на Европа, затоа што таа „историски беше нејзин дел“. „Патем кажано, од времето на стариот украински кнез Јарослав Мудри и неговата ќерка киевјанката Ана Јарославна која Путин вчера буквално пред очите на цела Европа се обиде да ја украде и да ѝ ја припише на руската историја“, пишува на сајтот на украинскиот претседател.
Тој смета дека Кремљ е „погоден од хронична украинофобија“.
Претходно заменик-шефот на администрацијата на Порошенко Дмитриј Шимкив, коментирајќи ја изјавата на Путин за руската кнегиња Ана Јарославна, изјави дека таа била од Киев.
„Взгљад“ пишува дека вчера, на конференцијата за новинарите по преговорите меѓу рускиот и францускиот претседател во Версај“, Путин ги „навредил“ русофобите во Киев потсетувајќи на руската кнегиња Ана, ќерка на Јарослав Мудриот, која станала кралица на Франција и основала две династии.
Француските граѓани, инаку, својата кралица Ана Јарославна ја нарекуваат Ана Руската (Anne de Russie).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче