„Одговорот, се разбира, ќе следи, ќе биде доволно жесток“, истакна Карасин, додавајќи дека за формите на тој одговор во Москвa сѐ уште ќе размислат, пренесува „Взгљад“.
Претходно портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова ја нарече одлуката на Молдавија за протерувањето на руските дипломати „парадоксална“. Претседателот на земјата Игор Додон исто така изјави дека „евроунионистите“ направиле шокантен потег.
Министерството за надворешни работи и евроинтеграција на Молдавија во понеделникот изјави дека донело одлука да ги прогласи за персони нон грата петмина службеници на руската амбасада во Кишинев. Засега не е познато кој ќе биде протеран.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче