Додон потенцира дека Молдавија е неутрална држава која нема потреба од биро за врска со НАТО, пренесува „Взгљад“.
„Ако се отвори, тогаш јас како шеф на државата и командант на вооружените сили ќе се борам за негово затворање“, додаде тој.
Додон додаде дека го смета отворањето на канцеларијата на НАТО за „предизвик за молдавското општество“.
Претходно во четвртокот генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по средбата со премиерот на Молдавија Павел Филип изјави дека Алијансата во најскоро време ќе отвори мала канцеларија во Кишинев.
Додон и претходно изјавуваше дека иницијативата за отворање на канцеларија на НАТО во Кишинев претставува провокација на неговите политички противници и соопшти за намерата за укинување на спогодбата за отворање на биро.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче