Лавров ги коментираше изјавите на Макрон за RT и Sputnik

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во текот на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи на Нигерија Џефри Оњеама ги коментираше изјавите на претседателот на Франција Емануел Макрон за телевизијата RT и агенцијата Sputnik.

„Мислам дека тука, во оценките кои ги цитиравте, се одразила извесна инерција на антируската кампања што ја започна уште администрацијата на Обама и која зафати низа други западни земји, вклучително и во Европа“, изјави Лавров.

Според него, Западот никако не може да се извади од таа инерција.

„Притоа нема факти. (...) Ќе повторам дека најважното во сите овие обвинувања во најразлични насоки ние не гледаме ниту еден конкретен факт“, додаде дипломатот.

Лавров потенцира дека ако кај некого се појават „факти и презимиња“,  тогаш и Москва ќе има конкретни одговори.

„А ако има нешто конкретно, тогаш покажете ги, ве молам, фактите“, заклучи Лавров, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња