Симоњан: Изјавата на Макрон е евтин водвиљ

Главниот уредник на Russia Today и Sputnik Маргарита Симоњан ги коментираше острите изјави на францускиот претседател Емнуел Макрон адресирани до телевизијата и информативната агенција на чие чело е таа.

„Е ова се веќе лоши манири. Кревам чаша „Кримско“ за новопечениот француски претседател да престане да лаже за RT и Sputnik“, напиша Симоњан на „Твитер“.

„Експлозија на Макрон. Евтин водвиљ за RT и Sputnik во изведба на францускиот претседател“, додаде Симоњан.

На својот профил на „Фејсбук“ Симоњан истакна дека „ако се оди по логиката на Макрон, тогаш сите мејнстрим медиуми треба да се протераат од Русија“.

Претходно во понеделникот Макрон изјави дека телевизијата Russia Today и информативната агенција Sputnik „ширеа клевета“ и дека тие „не се новинари“.

Кремљ соопшти дека не се согласува со изјавите на францускиот претседател.

На почетокот на мај Симоњан соопшти дека Sputnik има намера да поднесе тужба во врска со изјавите на штабот на Макрон, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња