RT и „Спутник“ обвинети за ширење лажни вести за Макрон

Телевизијата RT и агенцијата „Спутник“ ја анализираат со правници ситуацијата со написите на AFP за наводно ширење лажни вести за кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон, соопшти прес-службата на телевизијата.

Наведената ситуацијата ја коментираше главниот и одговорен уредник на RT и „Спутник“ Маргарита Симоњан.

„Рецепт за лага за RT и „Спутник“ во изведба на АФП и штабот на Макрон: земете приказна која нема никаква врска со нас, опишете го чекор по чекор механизмот на нејзиното ширење, кој повторно никако не е поврзан ниту со RT ниту со „Спутник“, додајте повеќе праведен гнев и на крај – задолжително! – без никаква причина споменете ги RT и „Спутник“. Готово – можете да ја подгревате хистеријата за „руската закана“ во француското општество. Доста лажеа!“, потенцира Симоњан.

Претходно АФП објави материјал во кој се зборува за ширење лажни вести за тоа дека кандидатот за претседател на Франција е наводно сопственик на офшор-сметка на Бахамите. Анонимен извор на агенцијата „Франс Прес“ од редовите на соработниците на штабот на Макрон раскажува како, според негово мислење, се ширеле таквите вести и ја завршува својата приказна со профили на сајтови на социјалните мрежи кои, како што претпоставува тој, се „блиски“ до RT и „Спутник“.

Се истакнува дека RT не ја спомнал наведената приказна на ниту една од своите медиумски платформи сѐ додека Макрон не поднесе тужба за клевета.

Претходно беше соопштено дека RT бара да се поправи статијата за наводната вмешаност на телевизијата во лажни вести за Макрон.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња