Песков: Русија отсекогаш се потпирала само на себе

Европејците и САД треба сами да си ги средат своите односи, тоа не е проблем на Кремљ, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Тоа треба да го средат Европејците и Американците, тоа не е наш проблем“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА „Новости“.

Песков истакна дека иако Русија е дел од Европа, „Русија од векови се потпирала само на себе“.

Така тој одговори на барањето да ја коментира изјавата на канцеларката на Германија Ангела Меркел за тоа дека Европа повеќе не може да смета на други и дека самата треба да ја земе судбината во свои раце. Некои медиуми ги оценија зборовите на Меркел како признание на тоа дека таа повеќе не гледа во САД сигурен партнер.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња