Во материјалот на „Вашингтон Пост“ се наведува дека со иницијативата раководи државниот секретар на САД Рекс Тилерсон кој, според извори на весникот, веќе го дискутирал тоа прашање со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Идејата на Тилерсон се состои во рестартирање на оној тип на мировни преговори во кои во 2016 година учествуваше администрацијата на Обама, но со надеж дека новите околности и личности ќе дадат подобар резултат“, пишува весникот.
Изданието исто така укажува дека Тилерсон сака да назначи специјален пратеник од Стејт департментот за реализација на оваа иницијатива. Конкретно, тој човек ќе води преговори со помошникот на претседателот на Русија Владислав Сурков.
Во материјалот се вели дека истрагата за „вмешаноста на владата на Русија во претседателските избори 2016 година“ може „да усложни сѐ“. Американските конгресмени инсистираат на воведување нови антируски санкции, а законодавците од двете партии многу скептично се однесуваат спрема секој обид на Трамп да склучи договор со Москва, истакнува изданието, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче