„Ќе имам настојчив дијалог со Русија. Но тоа ќе биде дијалог“, изјави Макрон, пренесува „Лента.ру“.
Во понеделник претседателот на Франција првпат ќе се сретне со рускиот лидер Владимир Путин. Според Макрон, тие ќе дискутираат за прашањата за соработка околу Сирија, во текот на која ќе успеат да изработат позиции за создавање долгорочно политичко решение.
Според неговите зборови, сите учесници на Г-7 ја признале улогата на Русија, Иран и Турција во решавањето на сириската криза. „Според тоа сиже неопходно е да се гради политичко решение, истовремено борејќи се во рамките на коалицијата против сите терористички организации“, изјави тој.
„Многу меѓународни проблеми не можат да бидат регулирани без Русија“. Тој потенцира дека „дијалогот со Русија е неопходен“.
Владимир Путин ќе пристигне во Париз во понеделник, 29 мај, на отворањето на изложбата во Версај, посветена на 300-годишнината од патувањето на рускиот цар Петар I во Франција, кое означува и почеток на дипломатските односи меѓу земјите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче