„Афтенпостен“: Самитот на НАТО е победа на Путин

„Путин се радува на сѐ што сее раздор меѓу САД и нивните сојузници“, пишува весникот.

 Доналд Трамп ги искара сојузниците во НАТО и повторно не кажа дека ги поддржува колективните гаранции на Алијансата насочени кон меѓусебна заштита.

На сојузниците на САД им е тешко кога гледаат дека на Трамп, се чини, му е многу попријатно со авторитарни лидери како што се Владимир Путин и филипинскиот Едуардо Дутерте отколку со лидерите на европските земји од НАТО, пишува „Афтенпостен“, пренесувајќи го ставот на Јан Бремер, директор на компанијата за консалтинг Eurasia Group.

„Путин се радува на сѐ што сее раздор меѓу САД и нивните сојузници“. Тоа е победа на Путин, изјави Бремер за „Афтенпостен“.

Вишиот аналитичар Хорхе Бенитес од аналитичкиот центар AtlanticCouncil го дели истото мислење. Во магазинот Foreign Policy тој го опишува однесувањето на Трамп на самитот на НАТО како „чиста победа на Путин”, пренесува RT.

„Тоа само уште повеќе ги засилува сомнежите и стравот што сојузниците ги чувствуваа пред самитот“, вели тој.

Состанокот во Брисел во четвртокот беше првата средба на Трамп со другите раководители на Алијансата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња