„Трамп, се разбира, не премногу грациозно го истурка премиерот на Црна Гора на самитот на НАТО. Но тој така само визуелно ѝ го покажа нејзиното вистинско место во алијансата“, напиша Пушков на „Твитер“.
Претходно во текот на екскурзијата низ новиот штаб на Алијансата за шефовите на државите-членки на НАТО Трамп го оттурна Марковиќ во втор план, заземајќи го неговото место. Инцидентот беше снимен и предизвика бран незадоволство кај корисниците на социјалните мрежи. Притоа Марковиќ изјави дека не ѝ придал на ситуацијата важност, затоа што, според него, местото на претседателот на САД е во првиот ред, пренесува „Росијскаја газета“.
Процедурата за прием на Црна Гора во НАТО завршува на 5 јуни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче