„Светот се доближи до опасна црта. Ситуацијата дојде до заострување на односите меѓу Русија и Западот, и од експертите зависи како ќе бидат решени. Сите проблеми не можат да се решат, но треба чекор по чекор да се движиме подалеку од опасната црта“, изјави Левитин на конференцијата Балтички форум која се одржа во саботата во Латвија.
Тој истакна дека Русија го поддржува дијалогот со Западот и еден од приоритетите на Москва е конструктивниот дијалог со Вашингтон.
„Од овој дијалог зависи решавањето на проблемите и на Сирија и на Блискиот Исток, и борбата против меѓународниот тероризам, и решавањето на другите проблеми. Треба да се направи избор – уште повеќе да се продлабочува затегнатоста или сепак да се почне со искачување од најниската точка во односите помеѓу Русија и Западот, која ја достигнавме“, рече Левитин.
Конференцијата „Балтички форум“ се одржува на годишно ниво во Латвија, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче