Метис: НАТО не е закана за Русија и таа го знае тоа

Министерот за одбрана на САД Џејмс Метис изјави дека НАТО не претставува закана за Русија.

Ваква изјава даде шефот на Пентагон Џејмс Метис во неделата, 28 мај, во интервју за телевизијата Си-Би-Ес Њуз.

„Зошто тие (Русите) гледаат во НАТО закана, тоа е надвор од границите на моето сфаќање. Јасно е дек НАТО не е закана“, изјави Метис, истакнувајќи дека иднината на Русија треба да биде нераскинливо поврзана со Европа.

„Сега Русија претпочита да биде стратешки противник поради низа причини. Но, суштината е во тоа што НАТО не претставува закана и тие го знаат тоа. Кај нив нема ни најмало сомневање во тоа“, потенцира шефот на американскиот воен ресор.

Метис додаде дека во моментов Вашингтон се стреми да применува дипломатски пристап во односите со Москва, но истакна дека САД „ќе ѝ се спротивставуваат на Русија кога станува збор за сферите каде тие нѐ напаѓаат нас, или во сајбер-просторот, или ако се обидуваат да ги променат границите,  користејќи ги вооружените сили“, изјави тој, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња