САД: Русија се обидува да се извлече од обрачот на НАТО

Русија се обидува да се извлече од обрачот на НАТО во најблиското опкружување, создавајќи си за себе заштитни бариери на Крим, во Калининград, Мурманск и во Сирија, изјави директорот на управата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД Винсент Стјуарт.

„Поради тој обрач, како што вие го опишувате.. тие се обидуваат да се извлечат од тој обрач кој, според нив, го создаваат земјите на НАТО во нивното најблиско опкружување“, изјави Стјуарт.

„Овие потези ќе ги зголемат расходите на САД и НАТО при какви било дејствија против Русија. Нивната цел е самозаштита, создавање на тампон зона”, додаде тој, пренесува „Взгљад”.

Стјуарт претпоставува дека Русија ќе продолжи со таква политика. „Тие сакаат таа (заштитна) бариера да ја протегнат до Медитеранот“, изјави тој, изразувајќи загриженост поради тоа што таквото нешто би можело да се одрази врз Либија, меѓу другото.

 „Меѓутоа прават сѐ за да се извлечат од обрачот на НАТО“, повтори тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња