Макрон за неговиот однос спрема Трамп и Путин

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека може да воспостави топли односи со претседателот на САД Доналд Трамп и додаде дека, исто така, го почитува и Владимир Путин.

„Оној Доналд Трамп, со кого се сретнав, имаше желба да разбере и да слуша. Тој е поотворен отколку што се мисли за него, сака директен контакт и е во состојба да го смени ставот“, изјави Макрон во интервју за изданието Journal du Dimanche. Тој истакна дека може да воспостави со Трамп „топли односи“.

Макрон исто така го коментираше неговиот став кон Русија. „Јас ја почитувам Русија и јас го поканив Владимир Путин во рамките на 300 години од дипломатските односи“, изјави францускиот претседател, истакнувајќи дека со Русија ќе има „настојчив дијалог“.

Макрон истакна дека лидерите на САД, Русија и Турција „се придржуваат до политиката на сила“, но тој е „загрижен“, затоа што не верува „во дипломатијата на јавни навреди“. Макрон се залага за билатерален дијалог и изјави дека неговиот метод е да се организираат нови средби за постигнување напредок, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња