„Форбс“:Инвеститорите од САД нема да ја остават РФ ни под постојани санкции

Американските инвеститори и инвестициски банки се подготвени да прават бизнис со Русија, дури и ако рестриктивните мерки против земјата ќе важат постојано, се вели во статија на магазинот „Форбс“.

Авторот на статијата Кенет Рапоза потсетува на резултатите од анкетата на Си-Ен-Ен во октомври 2015 спроведен на 500 инвеститори и раководители на претпријатија, од кои повеќето предвидуваа дека антируски санкции ќе траат вечно.

„Времето покажа дека експертите беа апсолутно во право. Санкциите траат веќе трета година. Но, тоа, исто така, зборува за фактот дека тие не го вознемируваат пазарот“, се вели во статијата што ја пренесува RT.

„Политиката не нѐ загрижува. Заборавете на санкциите. Ние гледаме други работи“, изјави за „Форбс“ еден од менаџерите на фондовите на голема американска инвестициска банка која работи со Русија.

Авторот забележува дека во моментов секој чекор во насока на олеснување на санкциите ќе се толкува како „доказ на заговор“ меѓу шефот на Белата куќа со Русија.

Според Рапоза, претпоставката дека санкциите можат да останат на сила засекогаш не го загрижуваат Вол Стрит. Американските инвеститори и инвестициските банки ќе продолжат да работат со Русите.

„Дури и ако се направи попуст на политичките ризици, Русија е добар пазар“ изјави претставникот на њујоршкиот инвестициски Фонд Lazard Emerging Markets Џејмс Доналд. „Мислам дека тој ќе се чувствува доволно добро и годинава“.

Претходно лидерите на Г-7 по самитот во италијанскиот град Таормина го условија укинувањето на антируските санкции со имплементацијата на „Минската спогодба“, пишува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња