Лидерите на Г-7 подготвени да ги заострат санкциите против Русија

Земјите-членки на Г-7 се подготвени да ги заострат санкциите против Русија поради Украина доколку има потреба, се вели во завршната декларација на самитот на Г-7 што се одржа на Сицилија.

„Санкциите можат да бидат укинати кога Русија ќе ги исполни своите обврски. Како и да е, ние исто така сме подготвени да преземеме понатамошни мерки на ограничување за да ја покачиме цената ако биде потребно“, се вели во текстот на коминикето.

Исто така во декларацијата се истакнува дека земјите од Г-7 сакаат да соработуваат со Русија за решавање на регионалните кризи.

Претходно во италијанскиот град Таормина заврши самитот на седумте најразвиени земји во светот. Учесниците донесоа декларација по неговото завршување, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња