Како што соопштува „Вашингтон Пост“, рускиот амбасадор Кисљак го известил раководството во Москва дека Кушнер го дал овој предлог во текот на средбата на почетокот на декември во „Кулата Трамп“ во Њујорк. Американските власти го дознале ова од „пресретнување на руските соопштенија“, прецизира изданието.
На средбата присуствувал и Мајкл Флин, кој некое време по инаугурацијата на Трамп беше на позицијата советник за национална безбедност, но беше принуден да ја напушти својата функција.
Според извештаите, Кисљак бил „запрепастен“ од предлогот да му се дозволи на Американецот да ги искористи руските средства за врска во својата амбасада или конзулатот. Тоа би можело да доведе до безбедносни ризици како за Москва, така и за тимот на Трамп.
Се истакнува дека Белата куќа и адвокатот на Флин одбиваат да дадат коментар. Амбасадата на Русија не одговори на барањата за разјаснување на ситуацијата.
Претходно беше соопштено дека Кушнер затаил најмалку три контакти со Кисљак. Според извори меѓу американските функционери, станува збор за контакти во текот на и по претседателската кампања во 2016 година. Се прецизира дека имало два телефонски повика во периодот од април до ноември минатата година, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче