Медиуми: ФБИ го проверува зетот на Трамп за „врски со Русија“

Американските медиуми соопштија дека ФБИ води истрага против зетот на Трамп Џаред Кушнер за неговите „врски со Русија“.

ФБИ  врши проверка во однос на зетот и советник на претседателот на САД Џаред Кушнер за случајот „врски со Русија“, соопштува телевизијата „Ен-Би-Си Њуз“ повикувајќи се на претставници на властите.

Според американските претставници, иследниците сметаат дека Кушнер поседува  значајни информации важни за нивната истрага.

„Ова не значи дека тие се сомневаат во него дека сторил кривично дело или имаат намера да го обвинат“, додава Ен-Би-Си.

Според информациите на „Вашингтон Пост“ иследниците истражуваат неколку средби на Кушнер. 

Претходно американските медиуми објавија дека службите кои ја водат истрагата за „руските врски“ на Трамп се заинтересирале за информацијата за контактите на Кушнер со првиот човек на Внешнекономбанк Сергеј Горков во декември 2016 година. Покрај тоа, Кушнер и поранешниот претседателски советник за национална безбедност Мајкл Флин во декември 2016 година се сретнале со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак во Њујорк во „Кулата Трамп“.

„Против Кушнер, кој одржувал во декември средби со рускиот амбасадор и еден банкар од Москва, се води истрага поради обемот и природата на неговата соработка со Русите“, пишува „Вашингтон Пост“ повикувајќи се на извори.

Според еден од неговите адвокати Џејми Корелик, „претходно Кушнер доброволно се пријави да го сподели со Конгресот она што тој го знае за овие средби, тој ќе го стори истото ако стапат во контакт со него во врска со која било друга истрага“. Претставникот на Министерството за правда на САД Сара Флорес, цитирана од американското издание, изјави дека не може ниту да ги потврди ниту да се демантира соопштенијата за истрага против Кушнер. ФБИ одби да даде коментар.

Пред некое време, за да се истражат „врските на Трамп со Русија“, нешто што го негираат како Белата куќа, така и Кремљ, беше назначен за специјален обвинител Роберт Милер. Покрај тоа, уште две паралелни истраги се водат во Комитетот за разузнавање на Сенатот и претставничкиот дом на Конгресот, пишува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња