Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор се договорија да ја зајакнат координацијата на напорите за решение во Сирија на различни нивоа. Ова беше соопштено од страна на прес-службата на Кремљ.
„При дискусијата за сириската криза е истакната важноста од најскоро договарање на практичните аспекти на примената на Меморандумот за формирање на зони на деескалација во Сириската Арапска Република. Тоа ќе овозможи зацврстување на режимот на прекин на борбените дејствија, подобрување на ефикасноста на сириските преговори во женевскиот и астанскиот формат. Договорено е да се засили координацијата по оваа тема на различни нивоа“.
Двајцата лидери си разменија честитки по повод 25-годишнината од потпишувањето на Договорот за темелите на односите меѓу Русија и Турција на 25 мај 1992 година. Путин, исто така, му посака успех на Ердоган во врска со неговиот избор на функцијата претседател на Партијата на правда и развој.
„Потврдена е меѓусебната определба за натамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во овој контекст беше споменат текот на спроведувањето на договорите за заемно укинување на ограничувањата во трговско-економската сфера и прашањата за реализацијата на главните заеднички енергетски проекти – изградбата на АЕЦ „Акују“ и гасоводот „Турски тек“, истакнува прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче