Русија и Турција потпишаа изјава за укинување на рестрикциите во трговијата

Русија и Турција денеска ги укинаа трговските ограничувања меѓу двете земји.

Русија и Турција потпишаа изјава за заемно укинување на ограничување во трговијата. Изјавата беше потпишана од вицепремиерите на двете земји – Аркадиј Дворкович и Мехмет Шимшек.

На церемонијата присуствуваа и премиерот на Русија Дмитриј Медведев и шефот на турската влада Бинали Јилдирим.

Москва воведе ембарго на увоз на низа турски производи во јануари 2016 година. Овие мерки беа воведени како одговор на соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 од страна на турското воено воздухопловство.

На почетокот на мај претседателот на Русија Владимир Путин по разговорите со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган изјави дека страните успеале да се договорат за „комплексно решение“ за укинување на трговските ограничувања.

Во понеделникот ситуацијата беше дискутирана од премиерите на двете земји Дмитриј Медведев и Бинали Јилдирим, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња