Бжежински почина во петокот на 89-годишна возраст, пренесува „Взгљад“.
Бжежински, американски политиколог, социолог, еден од водечките идеолози на надворешната политика на САД, беше советник на американскиот претседател Џими Картер.
Тој е исто така познат како автор на книгата „Големата шаховска табла: супериорноста на Америка и нејзините геостратешки императиви (1997).
Бжежински беше познато и по неговиот остар негативен став спрема СССР.
Минатата година беше објавена статија на Бжежински, во која тој се обиде да исконструира нов светски поредок врз основа на триаголникот „САД-Русија-Кина“. Притоа САД во неговата статија беше најсилната држава, а глобалното лидерство на САД предвидуваше да се одржува за сметка на Русија.
Во ноември минатата година тој изјави дека Вашингтон може да ѝ помогне на Русија да премине од комунизам во демократија.
Во април Бжежински изјави дека Крим може да се подели меѓу Украинците, кримските Татари и Русите, истакнувајќи дека полуостровот „никогаш не беше украински“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче