Зборувајќи во интервју за американската телевизија Ем-Ес-Ен-Би-Си за подобрување на односите со Русија, поранешниот советник на претседателот на САД за национална безбедност изјави дека тоа е „потполно пожелно“.
„Русија повеќе не е комунистичка држава. Многу е важно да е сфати тоа. Но таа сѐ уште, во суштина, го нема избрано патот на демократијата. Таму како и порано има недефинираност. И многу лутина, вклучително и на нас. Значи, тоа е земја во стадиум на транзиција. И, мислам, ако се однесуваме умно, ние, веројатно, ќе им помогнеме да ја направат таа транзиција и да станат конструктивен, важен член на меѓународната заедница. Да влезат во тројката лидери: САД, Кина и Русија“, ги цитира зборовите на Бжежински РТ на руски.
„Мислам, нашата улога во светот, ако и не е доминантна во едноставна смисла на зборот, сепак е најистакната. Америка е потребна за поширока коалиција која би можела да ги решава глобалните проблеми. И во таа поширока коалиција, се разбира, Америка, Кина - и Русија која се менува! – можат да играат водечка улога“, додаде Бжежински.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче