МНР на Италија: Земјите од Г-7 ја признаа важноста на дијалогот со Русија

Дијалогот со Русија е потребен и за давање заеднички одговори на предизвиците на современоста, изјави шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано.

Земјите на Г-7 ја признаа важноста на дијалогот со Русија за барање и изработка на решенија за главните меѓународни кризи, изјави шефот на МНР на Италија Анџелино Алфано.

„Земјите од Г-7 ја признаа важноста на дијалогот со Москва, кој е неопходен за барање и изработка на решенија за главните меѓународни кризи, како и за заеднички одговори на предизвиците на современоста, почнувајќи од тероризмот“, изјави италијанскиот министер, пренесува RT.

Притоа дипломатот потенцира дека тоа не значи „намалување на притисокот врз Русија на полето на нејзината одговорност во украинската криза“ која, според него, ги принудила Г-7 да воведат мерки на ограничување во разни формати“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња