„Од нашиот последен самит во Јапонија ние не видовме ништо што би ја оправдало промената на нашата политика на санкции против Русија“, изјави Туск, пренесува „Взгљад“.
Претседателот на Европскиот совет исто така изрази мислење дека самитот на Г-7 што почнува во италијанскиот град Таормина ќе биде еден од најтешките последниве години.
„Нема сомнение дека ова ќе биде еден од најсложените самити на Г-7 последниве години“, изјави Туск.
Според него, причина за тоа можат да бидат разликите во пристапите на ЕУ и новата американска администрација во однос на прашањата за трговија и климатските промени.
Во четвртокот по средбата на шефовите на европските институции со претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Брисел и Вашингтон немаат заедничка позиција околу Русија, но во однос на прашањето за Украина, страните се наоѓаат „на иста линија“.
Во февруари Туск ги изедначи претседателот на САД Доналд Трамп со Русија, Кина и радикалниот ислам, нарекувајќи ги главни закани за постоењето на ЕУ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче