„Либерасион“: Путин како царот Петар I

Петар I при посетата на Франција во 1717 година успеа да воспостави силни врски со на Русија со таа европска држава, а во Париз со истата цел сега доаѓа и актуелниот руски претседател, пишува „Либерасион“, истакнувајќи дека судејќи според информациите од Кремљ повод за неговата посета е повеќе 300-годиншнината од посетата на првиот руски император на Париз отколку преговорите со новоизбраниот претседател на Франција Емануел Макрон.

Елисејската палата соопшти дека на 29 мај францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин, пишува „Либерасион“ истакнувајќи дека „големиот почитувач на Петар Велики“ Владимир Путин доаѓа во Париз на отворањето на изложбата посветена на 300-годишнината од посетата на првиот руски император на Франција, и како што истакнува авторот на текстот, тој „на тој начин и по тој повод“ ќе се сретне со Макрон.

Двете земји, како што се наведува, имаат долга историја на билатерални односи кои мошне се заладија во текот на мандатот на Франсоа Оланд.

Пет

Во предизборната кампања Макрон беше единствениот меѓу водечките кандидати кој не се воодушевуваше од Путин, балансирајќи меѓу дијалогот и тврдата линија. За Москва на крај победата на Макрон беше најлошото сценарио. Можеше да се очекува дека по објавувањето на изборните резултати руските медиуми ќе покажат почит кон волјата на францускиот народ и ќе престанат да го навредуваат неговиот претседател, меѓутоа тие и понатаму го нарекуваат антихрист или ја исмеваат разликата во годините меѓу претседателот и неговата сопруга, се наведува во текстот.

Путин инаку му ја честиташе победата на Макрон и изрази надеж дека заемната недоверба ќе биде успешно надмината. Во ист тон се помина и првиот телефонски разговор на двајцата лидери што се одржа по иницијатива на Кремљ. Во позитивен клуч за перспективата на соработката се изрази и рускиот амбасадор Александар Орлов.  

Како што е во Кремљ кажано, на дневен ред на претстојната посета ќе биде, меѓу другото, и прашањето на борбата против тероризмот, регулирањето на конфликтите во Сирија и Украина. Планирано е да биде дискутирана и „состојбата и перспективите за развој на руско-француските односи во политичката, трговско-економската и културно-хуманитарната сфера", го цитира весникот соопштението на прес-службата на Кремљ.

„Либерасион“, инаку, вистинската цел на посетата на Путин ја гледа во обновата на мирниот дијалог, обидот да се заборави поддршката на Марин Ле Пен и да се отфрлат сомнежите за мешање во изборната кампања со помош на социјалните мрежи, и да се сврти нова страница во односите со Франција и Европската унија по годините на политичка изолација. Посетата на Путин треба да воспостави стабилни односи меѓу двете земји, што во свое време му појде од рака на Петар Велики во текот на неговата позната посета, пишува весникот, пренесува RТ. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња