„Историската неправда, полувистините и извртувањето на фактите се постојани инструменти во светската политика. Тоа воопшто не ме чуди. Нема смисла да се објаснува колку Путин греши, да се објаснува дека не е во право, и чии биле тие земји, па уште и тоа како им заби нож во грб на русофилите. Да не се лажеме, Путин одлични знае дека неговата оценка за нас е неприфатлива, дека со таа реченица ги руши надежите за нова етапа во односите со нас. Згора на тоа, тој го вели тоа јавно на 24 мај, сите да слушнеме и најмногу да нѐ здоболи. Тие зборови беа повеќе за нас отколку за Ѓорѓе (Иванов, претседателот на Македонија)“, пишува Василев за бугарскиот портал „Поглед“.
Според мислењето на Василев, тие цели на Путин се следниве:
Русија се откажа од ресетирање на односите со Бугарија. „Таа ја заврши приказната со нас како ние претходно со неа“.
Второ, Русија најавува дека отсега ќе ја заобиколува Бугарија. Таа смета на нов коридор во Европа преку Грција, Македонија и Србија. „А вие, Бугари, потпирајте се на Американците, ЕУ, на кого сакате“.
„Јас те створив, јас и ќе те убијам“, се зборовите кои му се припишуваат на Иван Грозни пред да го убие синот, пишува Василев. „Така и Русија ни дава до знаење дека нѐ остава на милост и немилост на Турција“.
„Единствено што сега може да нѐ утеши е тоа што Русија како голема сила никогаш не го кажува последниот збор. Но за да слушнеме нешто друго од неа, нешто позитивно за нас, неопходно е да се вложат огромни напори за да не се струполиме во провалијата која ни ја направи Бојко Борисов“, вели Василев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче