„Тие ја разнишуваат внатрешнополитичката ситуација во САД со антируски слогани, тие или не разбираат дека ги прават овие глупости од нивна страна, што значи дека се едноставно глупави, или сѐ разбираат, што значи дека се едноставно опасни и бескрупулозни луѓе“, изјави Путин.
Путин, исто така, истакна дека е тешко да замисли, „уште што друго може да смислат луѓето кои генерираат такви глупости, такви бесмислици“.
Рускиот лидер додаде дека во секој случај ова треба да го решат самите власти во САД и Москва нема намера да се меша во ситуацијата.
Шефот на руската држава изрази мислење дека во САД се развива „некаква политичка шизофренија“, пренесува „Взгљад“.
„Ние во исто време гледаме дека во САД се развива политичка шизофренија. Со ништо друго не може да се објаснат обвинувањата против актуелниот претседател дека му издавал на Лавров некакви тајни“, рече Путин.
Путин, исто така, ја коментираше иронично потребата да се осуди Лавров што не ги споделил тие „тајни“. „Ниту со мене, ниту со претставниците на специјалните служби на Русија. Тоа е многу лошо од негова страна“, изјави Путин.
Притоа рускиот претседател додаде дека ако Вашингтон смета дека тоа е можно, Москва е подготвена да го достави до Сенатот транскриптот од разговорот меѓу Трамп и Лавров.
„Што се однесува до резултатите од посетата на министерот за надворешни работи Лавров на САД и неговата средба со претседателот Трамп: ние ја оценуваме високо“, додаде Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче