Захарова ги коментираше зборовите на Кери за учење руски

Портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова ги коментираше зборовите на поранешниот државен секретар на САД Џон Кери кој ги советуваше американските студенти на Универзитетот во Харвард да го учат рускиот јазик.

„Не знам кои учебници по руски јазик треба да се купат со „оваа“ администрација на САД, а со „минатата“ требаше пред стапувањето на јубилејната 2017 година да се набави том од Владимир Владимирович“, напиша Захарова на „Фејсбук“.

Дипломатот исто така објави дел од поемата на Владимир Мајаковски“ „На нашето момчештво“.

„Впрочем, после овие зборови на Џон Кери станува јасно зошто претходната администрација толку брзо реши да ги „воспостави“ односите со Куба – деновиве по 30-годишна пауза ја обнови својата работа катедрата на Државниот институт за руски јазик на факултетот за странски јазици на Универзитетот во Хавана“, додаде таа, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња